Рајн-Некар им се врати на победите, Талески постигна три гола

Рајн-Некар Левен немаше тешка задача во германската Бундеслига, па по поразот од Кил во минатото коло, сега им се врати на победите против Фуксе Берлин (28-25).

Натпреварот беше израмнет на почетокот, но потоа домаќините заиграа многу подобро, па стигнаа и до пет голови предност (11-6), која ја задржаа до крајот на полувремето (15-11).

Во второто полувреме Рајн-Некар продолжи со одличната игра, па стигна и до максимални седум гола предност (20-13), но до крајот на дуелот гостите намалија на конечни 28-25.

И нашиот репрезентативец Филип Талески играше на натпреварот, па со три гола помогна во триумфот на Рајн-Некар.