Вардар не мораше да чека долго за првиот пораз во новата сезона, се случи веќе на вториот натпревар, на гости кај Мотор Запорожје во 2. коло од СЕХА-лигата.

Украинскиот дебитант во регионалното ракометно првенство, си запиша победа над актуелниот шампион Вардар со 32-31, предупредувајќи го за предизвиците кои допрва доагаат во сезоната.

Мотор почна да води уште од воведните минути, ја презеде контролата и, иако тесно, ја држеше цел меч. Првото полувреме беше тесно, со неколку изедначувања, а на паузата Вардар губеше со минимални 12-13. Сериозните проблеми настапија потоа, во вториот дел, кога по 10 минути игра Мотор дојде до највисоки плус четири (19-15).

Вардар бргу изедначи, но тоа не значеше промена на темпото на мечот, напротив, Мотор и понатаму диктираше кревка, но ветувачка предност. Конечно, во 58. минута вардарци имаа напад за водство, но не го искористија, а потоа Дибиров утна и празен гол. Откако истекоа 60. минута, Иван Чупиќ доби пенал за да изедначи, но и тоа беше според хороскопот на вардарци.

Пуховски со шест гола беше најескпониран мегу противничките играчи, а кај Вардар шест даде Тимур Дибиров, по пет запишаа Павел Атман и Даинис Криштопанс. Добар меч имаше и голманот Артурс Кугис, со 11 интервенции.

Ова е сериозно предупредување за Давид Писонеро, новиот тренер на Вардар, со оглед дека Мотор е противник и во групата од Лигата на шампионите и тоа еден од, на хартија, помалку опасните.