Парондо: Моја грешка е што одигравме лошо!

Вардар едвај извлече победа на гостувањето кај Металург (27-26), бркајќи негатива во најголем дел од натпреварот. Сепак, искуството и индивидуалните предиспозиции на играчите беше нијансата која пресуди.

Роберто Гарсија Парондо се обиде со комбинирана екипа да му се спротивстави на Металуг, без Стоилов, Дибиров и Гебдане ниту на клупата, а згора на тоа експериментираше и на теренот, но Металург го искористи тоа и долго во мечот водеше. Поради сето ова, шпанскиот тренер ја презеде одговорноста.

„Најванжно денеска беше да победиме, добро е што ги освоиме двата бода. Не игравме најдобро, но тоа е моја грешка. Се обидов да ги одморам, да ги освежам играчите по напорите во лигата на шампионите, имаа многу напорен период“, изјави Парондо.