Официјално: Кинески тим се приклучува во СЕХА-лигата

Извршниот комитет на СЕХА-лигата донесе одлука во натпреварувањето да биде вклучен и кинескиот тим Пекинг Спортс Универзитет. 

Натпреварувањето од следната сезона ќе биде зголемено и ќе брои 12 тимови, а кинескиот тим ќе биде од новајлиите. 

„Деветтата сезона во СЕХА ќе донесе многу новитети во лигата, а еден од нив ќе биде кинескиот тим Пекинг Спортс Универзитет, кој ќе се натпреварува оваа сезона. Ова е почеток на една нова ера во регионот и СЕХА-лигата. Нашата цел е да го развиваме ракометот и да внесуваме нешто ново, револуционерно. Со ова се отвораат нови хоризонти и нови пазари во југоисточна Европа, но исто така и надвор од границите“, изјави претседателот на лигата, Михајло Михајловски.

Тимовите од СЕХА-лигата нема да патуваат дури до Кина за да играат натпревари, туку Пекинг Спортс Универзитет ќе биде базиран во Хрватска.