Признание за вардарецот: Игор Карачиќ избран за крал на СЕХА! (ФОТО)

Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ, кој по завршувањето на сезоната ќе го засили полско Кјелце, се закити со титулата – крал на СЕХА.

Ова признание дојде по гласањето кое беше организирано од медиа тимот на регионалната лига на профилот на регионалното натпреварување на Инстаграм. Покрај Хрватот во конкуренција уште беа неговиот соиграч Тимур Дибиров, Тин Контрец од ППД Загреб, Халил Јагањац од Нексе и Петар Ѓорѓиќ од Мешков Брест.

Карачиќ добил убедливо најмногу гласови, а признанието ќе го добие на фајналфор-турнирот во СЕХА, кој на почетокот од април ќе се одржи во Брест (Белорусија).