Нов пораз за Дејвис и Манасков: Веспрем загуби од Пик Сегед!

Ниту пристигнувањето на поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, не им донесе подобри резултати на Веспрем, откако и денеска беа поразени од Пик Сегед со 27-32.

Дејвис не дебитираше најдобро во унгарската лига против Татабања и беше поразен, а немаше среќа ниту денеска.

Дуелот беше израмнет во првиот дел, но во втората половина на второто полувреме се случи пад во играта на Веспрем и тоа го искористи Пик Сегед, за да стигне до триумф.

Веспрем сега има четири победи и два порази, додека Пик Сегед во осум одиграни дуели има дури осум победи.