Ништо од Пелистер: Алиловиќ останува во Пик Сегед

Еден од најдобрите хрватски голмани, Мирко Алиловиќ го продолжи договорот со унгарскиот Пик Сегед.

Тоа значи дека се отфрлени шпекулациите за негов евентуален трансфер во редовите на Пелистер. Исксусниот голман ќе остане во унгарскиот клуб до 2023 година, што значи дека најверојатно кариерата ќе ја заврши во клубот за кој настапува од 2018 година.

Јас и моето семејство сме среќни во Сегедин и затоа сум многу задоволен од потпишувањето на новиот договор. Ова е најубавото место за мене и мојата кариера. Го обожавам животот во Унгарија, која за мене е вториот дом. Се надевам дека во следните сезони ќе се бориме за трофеите во сите натпреварувања, истакна Алиловиќ.

Покрај Пик Сегед, Алиловиќ седум години беше дел од Веспрем, а претходно во кариерата настапуваше и за Извиѓач, Адемар Леон и Целје Пивоварна Лашко.