Наместо ракомет - циркус: Се степаа директорите на Војводина и Динамо Панчево! (ВИДЕО)

Прашање уште колку шлаканици може да трпи српскиот спорт по сите резили кои се случија во последниве денови. Од ниските обвинувања меѓу ракометарите репрезентативци и селекторот Јовица Цветковиќ, преку вандализирањето на пехарот од кошаркарскиот куп, до најновиот „дострел“ - тепачка на спортски директори на клубови.

Во финалето од Купот на Србија се сретнаа Војводина и Динамо Панчево, екипите кои ја претставуваат земјата и во СЕХА-лигата, а мечот ќе се памети не по конечните 25-22, туку по инцидентите.

Во финишот на првото полувреме, се спречкаа домашниот голман и неколку ракометари од Панчево. Судиите реагираа така што го исклучија голманот, меѓутоа само што стивнаа страстите на теренот, разгореа покрај него. Камерата ги фати спортските директори на двата клуба како се тепаат или барем се обидуваа да го направат тоа. Додека стигнаа да ги разделат, резилот веќе пукна.

ретходно, селекторот на српската ракометна репрезентација ги обвини играчите за недециплина на ЕП во Хрватска, дека шетале до доцни часови и дека пред време си резервирале билет за дома, не размислувајќи дека можеби и ќе ја поминат првата фаза. Ракометарите, пак, возвратија со обвинувања дека селекторот Цветковиќ е пијаница и дека не бил трезен во Загреб.

Потоа излезе скандалот со пехарот од кошаркарскиот Куп Корач. Некој ги одлепил плочките на кои пишува Црвена звзда, а кои стојат во чест на секој освојувач.