Митревски и Маркоски слават трофеј во Романија

Двајцата македонски ракометни репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски слават трофеј во Романија, откако денеска со Костанца стигнаа до триумф во Купот со победата со 22-21 против Темишвар во финалето.

Митревски и Маркоски победија во „македонското финале“, затоа што за Темишвар брани Златко Даскаловски, а во интересно и возбудливо финале, репрезентативниот двоец стигна до голема победа и до трофејот.

Инаку член на управата на Костанца е поранешниот макеоднски репрезентативец Бранко Ангеловски.