Манасков: Среќни сме за секоја освоена титула

Дејан Манасков учествуваше со четири голови во победата на Веспрем против Вардар во финалето од СЕХА-лигата. 

Крилото имаше максимален ефект и беше среќен за триумфот на неговиот тим.

„По секоја освоена титула очекувано сме задоволни и среќни. Одигравме добар меч цели 60 минути и го имавме под контрола. Можеби во прво пропуштивме повеќе шанси и можеше да биде поубедиво, но задоволни сме. Сега одиме дома да се подготвуваме за ЛШ“, рече Манасков.