Македонско дерби во прво коло на СЕХА: Металург против Вардар на 29. август!

Познати се датумите за натпреварите во сезоната 2018/19 во СЕХА-лигата, а како што се очекуваше, во првото коло ќе го гледаме македонското дерби, барем така извести Металург на својата официјална веб-страна.

Домаќин на македонското дерби помеѓу Металург и Вардар ќе биде екипата од Автокоманда на 29. август, а до крајот на годината треба да се одиграат 13 кола, додека останатите пет се предвидени за 2019. година.

Фајнл-форот на СЕХА-лигата ќе се игра од петти до седми април 2019. година.