Македонски 41-годишен ветеран ќе го брани голот на грчки ПАОК!

Македонскиот ракометен голман, Виктор Гигов (41), не размислува за пензија, откако денес беше потврдено дека наредната сезона ќе ги брани боите на грчки ПАОК. 

Гигов минатата сезона беше дел од Анталијасор, каде имаше одлични настапи за овој тим во турското првенство, а токму тоа му донесе и трансфер во Грција. Во кариерата искусниот голман има брането за неговиот матичен клуб РК Борец, Младост од Богданци, Вардар, Пелистер. Потоа реши да се испроба надвор од нашата земја, каде беше дел од ИБВ (Исланд ), па повторно се врати назад со потписот за Тедико Борец, како и за Југ Куманово.

Гигов повторно се реши за интернационална кариера, па замина во Хрватска каде потпиша за Цриквеница, а потоа беше и во Аполон Каламариа (Грција) - три години, Короса (Јужна Кореја), Мерсин (Турција) - три години, Кајсери (Турција), Селкаспор (Турција) - две години.