Лино Червар избран за најдобар тренер од Екс-Ју земјите за 2020 година!

За најдобриот тренер од Екс-ју просторите во сезоната 2019/20 беше избран Лино Червар. Селекторот на Хрватска доби најмногу гласови од учесниците на анкетата на „Балкан-хандбол“.

Искусниот Червар го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2020 година, па заслужено ја победи конкуренцијата.

Ова е вторпат Червар да ја добива наградата за најдобар тренер од 2013 година, кога е почнат овој избор, а трипати за најдобар беше избран Веселин Вујовиќ.

Најдобри тренери:

2013 – Драган Аџиќ
2014 – Лино Червар
2015 – Веселин Вујовиќ
2016 – Веселин Вујовиќ
2017 – Веселин Вујовиќ
2018 – Велимир Петковиќ
2019 – Данило Брестовац
2020 – Лино Червар