Лазаров постигна два гола во тешкиот триумф на Нант против Шартр

Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров заедно со Нант го запиша вториот триумф во францускиот шампионат, и тоа против Шартр со 25-24.

Голема борба се водеше на теренот меѓу ракометарите на двете екипи, а на крајот пресуди искуството и Нант запиша нови бодови. Најфеикасен беше Брие со шест голови, додека Лазаров постигна два погодоци.

Во текот на вчерашниот ден ПСЖ славеше со убедливи 39-21 против Сесон Рен и ја запиша втората победа.