Кузмановски меѓу петмината најатрактивни во колото во СЕХА! (ВИДЕО)

Металург направи голем резултат совладувајќи го Мешков Брест (37-33) во претпоследното коло од СЕХА-сезоната, а негов прв играч беше Филип Кузмановски, кој поситнга 10 гола.

Еден од тие голови на Кузмановски беше прогласен за еден од топ-5 на колото. Станува збор за еден проектил од далечина, од трк, карактеристичен за Кузмановски, кој беше незадржлив за гостинскиот голман Чарапенка.

Покрај Кузмановски, меѓу петте најатрактиви се уште и Саво Славуљица (Динамо Панчево), Рок Овничек(Горење Велење), Јануш Лапајне (Татран Прешов) и Марин Шипиќ (Нексе).