Карачиќ: Вардар одново ќе биде шампион, а јас пак ќе го облечам црвено-црниот дрес (ВИДЕО)

Хрватот Игор Карачиќ дури и по неколку месеци минати во дресот на полски Кјелце, сѐ уште може да се сврсти меѓу најомилените ракометари на Вардар, разбирливо со оглед на сѐ што пружи за време на повеќегодишниот престој во Скопје, кој беше крунисан со две титули европски шампион.

Во интервју за специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбол“, хрватскиот репрезентативец меѓу другото говори за златните денови на црвено-црните, за Столе Стоилов, карактерот на Иван Чупиќ, кризата, играњето без пари, но и за можноста пак да биде дел од вардаровиот тим.

„За Вардар не треба да да биде заокружена приказната со освојување на втората европска круна, ниту, пак, мојата приказна во овој тим. Дефинитивно може да се видам себе си како пак играм во црвено-црниот дрес, пред фантастичната публика во Скопје. Би сакал Вардар да се опорави и пак врати на врвот, можеби не во кусо време. Би сакал Сергеј (Самсоненко-н.з.) да ги подобри работите и пак сѐ да биде по стари, а јас да се најдам на теренот во дресот со број 18. Кој знае“, изјави меѓу другото Карачиќ.

Целото интервју на средниот бек на Кјелце може да го погледнете на приложениот видео.