Карачиќ испрати последен поздрав: Вардар засекогаш во моето срце

Игор Карачиќ по седум години во Вардар од следната сезона ќе го носи дресот на Кјелце. 

Хрватскиот репрезентативец со „црвено-црните“ освои две титули во Лигата на шампиони во 2017 и 2019 година. Тој денеска испрати последен поздрав до Вардар и сите негови навивачи за фантастичните спомени изминатите сезони. 

„Големо благодарам до клубот, играчите и највеќе до навивачите, кои беа покрај мене во оваа прекрасна приказна со Вардар! Засекогаш ќе бидете во моето срце“, напиша Карачиќ на „Фејсбук“.