Играњето на Македонија во загрепска "Арена" повторно неизвесно!

Настапот на Македонија во загрепската „Арена“ на Европското првенство (ЕП) во ракомет, кое почнува за три дена, повторно стана неизвесно поради проблемите кои организаторот и градот ги имаат со фирмата која го има изградено овој спортски комплекс, а кон која должат голема сума пари.

Оваа вест синоќа предизвика голема нервоза кај сите што ќе бидат дел од овој ракометен спектакл, а утринава смирувањето дојде до градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој потенцира дека сѐ е во ред и дека првенството ќе се игра според планот. Но, од фирмата „Ингра“, која е сопственик на „Арена“ повторно велат дека проблем има и дека ако се платат парите ракомет нема да има во нивниот објект.

„По Светското првенство кое се одигра во Хрватска во 2009 година ни останаа должни 200.000 евра, кои потоа моравме да ги отпишеме. Сега не сакаме такво нешто да ни се случи, па дуваме и на студено. Ако градот и федерацијата не платат однапред натпревари во 'Арена' нема да има. Сите се запознаени со проблемот и ја префрлаат топката помеѓу себе. Ние нашето го кажавме и сега чекаме одговор односно пари од другата“, вели Игор Опенхајм, директор на „Ингра“.

Подетално за овој проблем може да прочитате на следниот линк.