Хрватска ракометарка постави рекорд – одбрани осум седмерци на еден меч!

Хрватската ракометна голманка, Марта Козјак, која брани за хрватскиот клуб Зрински од Чаковец постави неофицијален рекорд, откако на меч со Сесвете успеала да одбрани дури осум седмерци, објавија хрватски медиуми.

Козјак мечот го завршила со 22 интервенции, од кои осум од седум метри, што тешко дека некој би се сетил кога една ракометна голманка успеала да собере толку интервенции од пенали на еден меч.

Дека е Козјак очигледно голема иднина на хрватскиот женски ракомет доказ е фактот дека пред овој меч против Трешњевка во претходното коло имала шест одбранети седмерци, што е вкупно 14 во два меча.

Навистина импресивно.