Хрватите изненадени: Червар се откажа од „дијамантот“ кој самиот го брусеше во Металург!

Репрезентацијата на Хрватска сигурно гази на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, каде што со максимални четири бода влегува во втората фаза, поради што помалку зачудува одлуката на селекторот Лино Червар во овој момент да се откаже од услугите на левиот бек, Халил Јагањац.

Самото отсуство од тимот кој настапи во првата рунда на доскорешниот ракометар на Металург беше изненадување за хравтската јавност, а неговото целосно отстранување од репрезентацијата во која ја имаше улогата на резерва дополнително ги вжешти страстите.

„Одлуката на селекторот ја прифатив како нешто најнормално. Среќен сум што ги одработев подготовките и што бев дел од овој состав на Хрватска. Сега им се враќам на клупските обврски“, изјави ракометарот на Нексе.

Бришењето на Јагањац е уште почудно ако се знае дека тој беше негов миленик, кој на инсистирање на Червар стигна во Металург каде што настапуваше неколку сезони. Селекторот на „коцкестите“ не даде официјална изјава за својот потег, но неофицијално се вели дека ова е негова одмазда што Јагањац кога си заминуваше од Автокоманда не потпиша за ППД Загреб чиј тренер беше тој туку се реши за Нексе.