Хаос во Србија пред ЕП: Селекторот го отпуштил својот помошник со - СМС порака!

Додека репрезентациите се обидуваат да се подготват за почетокот на Европското првенство (ЕП), кое се игра за помалку од еден месец, во Србија тоа не е можно, а прчина се случувањата во репрезентацијата.

Проблемот во соседна Србија е тоа што слекторот Ненад Перуничиќ со СМС-порака го отпуштил својот помошник Недељко Јовановиќ.

Изненадување е тоа што се случило пред ЕП, а причината за одлуката на Перуничиќ е тоа што смета дека тие двајца немаат иста визија за репрезентацијата.

Србија на ЕП во својата група ќе игра против Хрватска, Црна Гора и Белорусија.