Џамбо Милиќ: Ја одбив Барселона за да останам во Вардар!

Српскиот голман Страхиња Милиќ го носеше дресот на поранешниот европски првак Вардар во период од 2012 до 2018 година, а во тој период освои многу титули во домашниот шампионат, но и во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Милиќ во кратко интервју за „Жешко столче“ зборуваше за периодот минат во Вардар, а притоа откри дека имал богата понуда од Барселона, но ја одбил само за да остане во редовите на „црвено-црните“.

„Јас сум човек кој во животот сѐ прави спонтано и со срце. Не ме интересира дали некој има име, не ме интересираат ниту титули. Луѓето ги гледам како луѓе и тоа е вистина. Не знам колку луѓе знаат, но ја одбив Барселона за да останам во Вардар, иако тие понудија многу повеќе, но сепак ми беше убаво во Скопје и бранев со срце. Пред сѐ Сергеј Самсоненко беше заштитнички настроен кон мене и за да се одложам не сакав да заминам во Барселона и така покажав благодарност. Мислам дека згрешив кога не го напуштив тимот по освојувањето на Лигата на шампиони. Затоа што сега можеби немаше да иде ваква ситуацијата, но ако поправав грешки од минатото немаше да бидам тоа што сум сега“, вели популарниот Џамбо.