Два од два за Веспрем, Манасков четири пати ја затресе мрежата на Загреб

Веспрем запиша убедлив триумф против ППД Загреб од 36-28 во второто коло од СЕХА-лигата, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна четири гола.

Загреб добро го отвори мечот, па имаше водство од 2-0, по што почна Веспрем успеа да израмни на 4-4. Сепак, до крајот на првото полувреме се водеше голема борба меѓу двете екипи, а унгарскиот тим на пауза замина со водство од 17-15.

Во второто полувреме Веспрем „додаде гас“, па направи неколку големи серии, по што имаше лесен финиш на мечот и славеше со 36-28.