Драма во БиХ: Мечот завршил реми, па тренерот од шок добил срцев удар!

Тренерот на босанскиот прволигаш Дервента, Зоран Докиќ, добил срцев удар и се борел за живот за време на натпревар.

Играле Дервента и Босна и само што завршил натпреварот, тренерот на домаќините, Докиќ, добил срцев удар. Проблемот бил во тоа што мечот бил исклучително драматичен и тензичен, за што говори и конечниот резултат – 22-22.

Му давале прва помош на самото место, тој се борел за живот и среќа што на време пристигнала медицинска екипа. Веднаш го пренеле во болница во Бања Лука и му вградиле стентови, па му го спасиле животот.