Димитриоски: Бевме нервозни, ама барем ние младите се покажавме!

Европскиот шампион Вардар ја отвори сезоната во СЕХА-лигата со убедлив триумф против Пекинг спортски универзитет со 37-23.

Тренерот на „црвено-црните“, Давид Писонеро кажа дека Вардар немал толку лесен меч како што покажува резултатот.

„Пекинг одигра добар меч Не ни беше толку лесно како што покажува резултат от. Почнавме малку нервозно, зашто ова ни е прв натпревар. Најважнќно беше да се постигнуваат голови и да стигнеме до победата. Тоа ќе ни биде најважно и на секој следен натпревар, да се докажуваме и да одиме на победа“, кажа Писонеро.

Исто така, Писонеро кажа дека младите најверојатно ќе добиваат шанса и во текот на сезоната, како што беше тоа и на денешниот меч.

„Се надевам дека ќе биде така, зашто јас сакам да работам со млади луѓе и им верувам на младите. Одлично работиме со нив и верувам дека може да имаат солидна минутажа и во иднина, тие се иднина на клубот“, објасни тренерот на Вардар.

Талентираниот ракометар Димитар Димитриоски беше пресреќен што тимот тргнал со победа во СЕХА-лигата.

„Среќни сме што стартуваме со победа. Бевме малку нервозно, но го одработи ме тоа што ни го кажуваше тренерот. Повеќе шанси добивме ние младите и таквите шанси мора да ги користиме повеќе и повеќе да се трудиме. Да покажеме дека ние младите не сме само овде резерви, туку да учиме и да се наметнеме“, вели Димитриоски.