Червар збесна по ремито со БиХ: Некои ракометари мора да се спуштат на земја!

Хрватска вечерва неочекувано одигра 33-33 против БиХ, а селекторот на „коцкестите“, Лино Червар не беше задоволен со односот на своите ракометари кон мечот.

Червар порача дека ѕвездите на репрезентацијата мора да се спуштат на земја и дека БиХ покажала како се игра тимски.

„Некои ракометари со помала репутација покажаа како се игра. Некои ѕвезди мора да се спуштат на земја. Без голема борба на цел тим не може да се победи. Не игра поединец, туку екипа. Не може да примиме над 30 голови и да очекуваме победа. Овој дуел ни помогна да се спуштиме на земја. Му честитам на противникот“, порача Червар.