Чаневски ја има одбраната на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

Градимир Чаневски си создаде репутација на голман, кој често го има по изборите за најдобри и најатрактивни, а сега ја оправда со признанието најдобра одбрана за месец април во СЕХА-лигата.

Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер е прво место на топ-листата со пет најдобри интервенции, а заслугата доаѓа од натпреварот Татран - Е. Пелистер. Тој запре еден седмерец, но недоволно, а потоа се фрли по топката и го спаси голот. Во изборот се уште и Иван Мороз од Мотор, Лука Арсениќ од Војводина, Михајло Радовановиќ од Нексе и Маркос Колодети од Татран Прешов.