Босански ракометар загина во сообраќајна несреќа

Босанскиот ракомет го потресе голема трагедија по сообраќајната несреќа во која загина Иван Бркиќ од РК Чапљина.

Несреќата се случила утринава во 1:30 часот, откако автомобилот на 28-годишниот ракометар излетал од патот во близнина на местото Модриќ во Босна и Херцеговина. Брзата помош реагирала веднаш и бил префрлен во Мостар, но за жал докторите не можеле да направат ништо, бидејќи Бркиќ им подлегнал на повредите.

„Со голема тага и неверување Ракометната академија Чапљина изразува сочуство до семејството на трагично загинатиот, нашиот играч, пријател и голем човек, Иван Бркиќ. Чест беше да го познаваме Иван, кој во нашите животи остави голема трага. Драг Иван до нашето следно видување на некои други ракометни терени, почивај во мир“, напиша на Фејсбук неговиот клуб.