Борко: Веспрем се подобри, но не се глобтротерси, барем да се боревме!

Голманот на Вардар, Борко Ристовски му честиташе на Веспрем за триумфот во финалето во СЕХА-лигата. 

Нашиот репрезентативец вели дека овој натпревар добро покажал каде греши тимот. Најважно од овој пораз ќе биде да се извлечат поуки. 

„Веспрем заслужено го доби ова финале, му честитам. Ова е нова екипа на Вардар на која и треба повеќе време за воигрување. Мислам дека во овој момент извлековме, не можам да речам максимум, но доволно за да ни покаже каде грешиме. За 10 дена нѐ чека прв натпревар во Лига на шампиони и мислам дека тоа е многу поважно за нас, ако сме паметни ќе ги извлечиме грешките од овој натпревар. Ќе биде многу позитивна работа за нас, ако успееме да извлечеме нешто позитивно. Мислам дека не ја продадовме кожата скапо. Веспрем е многу поквалитетен од нас, но тоа не значи дека не смеете да се борите. Мора да бидете агресивни во играта. Веспрем го почитувам многу, но не се глобтротерс, па да не можете да добиете. Веспрем водеше од почеток до крај, заслужено победи. Ние ќе се обидеме да извлечеме максимум од овој натпревар“, заврши голманот на „црвено-црните“.