Борац преживеал терор на Косово: Навивачите пееле песни на УЧК и ги пцуеле Србите

Српските медиуми пишуваат дека ракометарите на Борац од Бања Лука доживеале вистински терор на мечот против Беса во рамки на ЕХФ-купот.

Ракометарите се пожалиле дека на трибините постојано се пееле песни за УЧК и навреди за Србите, а навивачите имале маички со „голема Албанија“.

“Еден од ракометарите ни пцуеше мајка. Атмосферата беше непријателска, среќни сме што дојдовме дома без повреди“, соопштија од Борац.

Беса го елиминираше Борац од натпреварувањето со триумфот од 29-22 во реваншот, откако во првиот меч во Бања Лука резултатот беше 28-25 за Борац.