Червар еуфоричен: Ракометот не е мртов!

Селекторот на Хрватска, Лино Червар очекувано беше пресреќан по победата на неговите ракометари против Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.

Искусниот стратег беше многу емотивен по натпреварот и како ретко немаше долги изјави, туку само кратко покажа колку е среќен.

„Немам зборови како да им се заблагодарам на играчите“, рече Червар. „Ова беше еден херојски натпревар, ретко виден. Можеби беше потензично и неизвесно отколку кога бевме светски шампиони во Португалија. Не знам што би кажал, десет години не бевме во финале. Бевме во 2010 година и повторно мене ми припадна таа чест, ракометот не е мртов!“, додаде хрватскиот селектор.