„Бевме како зомбија во финишот, но сега одиме по златото“

Марино Мариќ беше еден од најдобрите ракометари на Хрватска во полуфиналето против Норвешка, особено во првото полувреме кога постигна пет гола од вкупно шесте. 

Тој беше пресреќен по пласманот во финалето на континенталниот турнир, но истакна дека ракометарите биле многу изморени, бидејќи се играа дополни 20 минути или две продолженија.

„Немавме многу сили за размислување. Стоевме на теренот и се гледавме, бевме како зомбија. Мило ми е за Жељко Муса што ја доби последната топка и погоди за да го реши натпреварот. Среќен сум, ова ќе влезе во историјата на хрватскиот спорт, мило ми е што бев дел од ова. Морам да го бакнам Дувњак во чест на целата хрватска јавност“, истакна Мариќ и го бакна својот соиграч.

„Сега нема да славиме, туку ќе одмораме. Ќе спиеме со медал на вратот. Сега мораме да се опоравиме и да одиме до крај. Не чека тотално поинаков противник и одиме по златото“, заврши пикерот на Хрватска.