ЖРК Вардар ќе се соочи со тим од Холандија во Европскиот куп

Ракометарките на Вардар без проблеми ја елиминираа Приштина во второто коло од Европскиот Куп на ЕХФ, па на денешната ждрепка го дознаа противникот во следната рунда од натпреварувањето, а тоа е Јуро Унирек од Холандија.

Екипата од Холандија во претходното коло двапати го совладаа Феризај од Косово, па сега ќе налетаат на Вардар и ќе имаат многу потешка задача.

ЖРК Вардар го игра првиот натпревар на 13 ноември од 17 часот, додека реваншот се игра седум дена подоцна.

ФОТОЕХФ