ЖРК Пелистер со -10 се прости од Челинџ-купот

Екипата на ЖРК Пелистер отпадна од Челинџ-купот, откако вечерва и вторпат загуби од Наиса Ниш, во осминафиналниот двомеч.

Србинките денеска славеа со 34-24, потврдувајќи дека се поквалитетна екипа со подолга клупа. За разлика од вчерашниот меч (26-33), во кој битолчанки се држеа до самиот крај, сега имаа сили само 20-тина минута за рамноправна игра.

Беше 10-10 во 18. минута, кога Наиса почна да се одлепува и да дојде до 17-12 на паузата. Во вториот дел работите продолжија во ист тренд, во 50. минута резултатот првпат достигна двоцифрена разлика, а потоа и максимални 11 гола.

Милосављевиќ беше најефикасна кај Пелистер, Јанкуловска додаде пет гола, а кај противниците Радовиќ и Танасковиќ имаа по пет.