Вујо: Ова е депресивно, постојано сме блиску и пак остануваме без бодови!

Веселин Вујовиќ го изрази својот впечаток и од поразот на Вардар во Кил и од општата ситуација на македонскиот репрезент во Лигата на шампионите.

Не криеше дека е депресивно кога тимот ќе одигра добро, како вечерва, а сепак ќе остане со празни раце. Останува гостувањето кај Загреб како последна шанса во Лигата на шампионите во оваа 2021 година.

„Честитки за мојот колега, одиграа добар натпревар во убава атмосфера како што е секогаш кај Кил. За нас, ситуацијата е малку депресивна затоа што на секој меч сме блиску, но остануваме без бодови. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Беше доста тежок дуел од почетокот. Кил е можеби најдобриот тим во Европа, во Германија можеби и во историјата воопшто. Цело време заостанувавме, но се обидувавме, се боревме, но на крај резултатот е добар Кил. Мора да се фокусираме на следниот дуел со Загреб каде сакаме да победиме“, изјави Вујовиќ.

Вардар е шести во групата А, со пет бода, Кил со 13 дојде до второто место.