Веспрем немаше друг избор: Манасков и другарите одат во карантин!

Веспрем објави дека голманот на тимот, Родриго Коралес е позитивен на тестирањето за коронавирус, иако не покажувал никакви симптоми на вирусот, па тој сега е во самоизолација.

Сепак, Веспрем по консултација со локалните власти донел одлука цел тим да оди во карантин, иако тестовите имале негативни резултати.

Унгарскиот гигант побара одложување на мечот против Комло во домашниот шампионат, а доколку не се смири ситуација, тогаш ќе бара и одложување на дуелот против Кил, кој е закажан за 28 октомври.