Веспрем на прагот на Ф4, го суреди Фленсбург во Германија

Екипата на Веспрем е на одличен пат да се пласира на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, откако во вечерашниот, прв четвртфинален дуел со Фленсбург славеше како гостин.

Дејан Мансков и неговите соиграчи го суредија бундеслигашот за едно полувреме. Првото беше изедначено и заврши со 15-15, без разлика што гостите и тогаш водеа. Сепак, во второто полувреме се виде нивната полна сила, кога направија серија од 6-0 и веќе до 40. минута имаа 22-16.

Водството се качи и до највисоку плус седум, а Фленсбург не успеа да се избори, барем, за пораз кој би дал некаква теоретска надеж за сензација во Унгарија. Нилсон со шест гола беше најефикасен кај победниците, а нашиот Манасков додаде два. Кај Фленсбург, Гландорф погоди пет пати.

Реваншот во „Веспрем арена“ се игра на 4 мај.