Веспрем му верува на Дејвис: Нов тригодишен договор за тренерот

Веспрем иако не ја освои титулата во Лигата на шампионите, откако загуби од Вардар во големото финале, раководството на клубот има доверба во тренерот Давид Дејвис.

Шпанскиот стратег потпиша продолжување на соработката на дополнителни три години и неговиот договор сега истекува во јуни 2023 година. 

Тој седна на клупата на унгарскиот гигант во октомври минатата година и се договори за двегодишна соработка. Откако тимот ја врати шампионската титула во унгарското првенство, раководстовото реши да му укаже уште поголема доверба со новиот договор. 

Давид Дејвис дел од својата тренерска кариера ја мина во редовите на Вардар. Во еден период беше прв тренер на женскиот тим, а потоа и помошник на Раул Гонзалес во машкиот тим.