Веспрем му даде 41 гол на Кил, нашиот Манасков не постигна ниту еден!

Ракометарите на Веспрем со стил им се вратија на победите во Лигата на шампионите (ЛШ) по минатонеделниот шокантен пораз на домашен терен од Алборг, откако вечерва, го декласираа Кил со 41-33.

Домаќинот клучната разлика ја направи на стартот од второто полувреме, кога брзо стигна до пет гола разлика, а потоа рутински ги задржа за нова победа во најсилното клупското натпреварување. Дејан Манасков остана без учинок во мечот на кој блесна Петар Ненадиќ со десет гола, а кого го следеа Борозан и Нилсон со по седум реализации.

Вториот вечерашне натпревар од ЛШ донесе гостински триумф на Барселона кај Алборг (35-32), во кој Каталонците победничката разликата ја направија во последните две минути. Кристенсен беше најефикасен на теренот со десет гола, а кај гостите се истакна Палмарсон со шест погодоци.