Веспрем го згази Порто пред дуелот со Вардар – Манасков даде еден гол!

Унгарски Веспрем, актуелниот европски вицепрвак денеска го прегази Порто со 38-28 и се „загреа“ за пресметката со макеоднскиот шампион и европски владетел Вардар, кој вчера доѓивеа тежок пораз од Кил во ракометната Лига на шампионите.

Веспрем на полувреме имаше само три гола преднос (19-16), но затоа во вториот дел буквално ги распарчи Португалците и стигна до убедлива двоцифрена победа, во која Андреас Нилсон со осум гола беше предводник, а Петар Ненадиќ даде шест. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков во тирумфот учествуваше со само еден гол.

Победата за Веспрем е добредојдена после двата порази од Монпелје и Кил во групата, па сега навреме се враќаат на победничкиот колосек пред дербито со црвено-црните. По четири кола во ЛШ, Кил е прв со седум бода, следат Монплеје и Вардар со по шест, Веспрем и Порто имаат по четири, Кјелце 3, Мешков Брест 2 и Мотор Запорожје е без бодови.

Дуелот Веспрем – Вардар се игра идната сабота од 17.30 часот, а во истото коло играт Порто – Мотор, Мешков Брест – Кјелце и Монплеје – Кил.