Вардаровите навивачи ја импресионираа ЕХФ (ВИДЕО)

Вардар минува низ турбулентен период во својата историја. Играчите си заминуваат, а тие кои останаа во црвено-црниот дрес играат без плата. Ако ракометарите не можат да се надеваат на подршка од раководството, тука се навивачите. 

Најверните во саботата во „Јане Сандански“ повторно беа тука да ги бодрат своите херои и во најтешките моменти и кога тимот имаше наредено четири порази по ред. Ракометарите вратија со убедлива игра и сигурна победа против Мотор Запорожје.

Атмосферата во домот на Вардар беше како и секогаш - на ниво! Тоа ја импресионираше и ЕХФ, кои ги прогласија навивачите на Вардар, за фанови на неделата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.