Вардар ќе игра пријателски меч со грчки тим ама без - публика!

Вардар по успешно завршените подготовки во Требиње, кадешто го освои турнирот, го очекуваат уште две пријателски средби пред настапот на Супер Глоуб.

Во СЦ „Јане Сандански“ во понеделник од 12 часот „црвено-црните“ ќе играат против Еурофарм Работник, а потоа следува и меч против грчки АЕК.

Европскиот шампион против грчката екипа ќе игра без публика, односно мечот ќе биде од затворен тип, а засега нема дополнително објаснување зошто на дуелот нема да има фанови.