Вардар како да не постои за ЕХФ: Победи среде Кил, а никој во најдобрите на колото!

Ракометарите на Вардар го остварија најголемиот резултат од сите четвртфинални екипи, славејќи на гостински терен и тоа кај Кил, меѓутоа никој од нив не бил доволно добар за место меѓу најдобрите и најатрактивните ова коло, сметаат од ЕХФ.

Ниту еден ракометар на Вардар нема во идеалната постава на првиот четвртфинален круг, ниту пак некоја од одбраните на Арпад Штербик им фати око на задолжените за селекција во ТВ-магазинот на ЕХФ. Најдобрата одбрана ја има Емил Нилсен од Скјерн, а најубав гол постигнал Деан Бомбач од Кјелце.

Во идеалната постава на колото се наоѓаат по двајца ракометари од ПСЖ, Монпелје и од Нант, плус Алекс Душебаев. 

Вардар го победи Кил со 29-28, со гол на Хорхе Македа во последните секунди и со голема предност го чека реваншот од четвртфиналето, во „Јане Сандански“, в недела.

 

ИДЕАЛНИ 7 НА КОЛОТО

Лево крило – Доминик Клајн (Нант)

Лев бек – Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце)

Десно крило – Давид Балагер (Нант)

Пивот – Лудовиг Фабрегас (Монпелје)

Голман – Венсан Жерар (Монпелје)