Вардар и Mешков Брест ќе почнат со минута молчење во чест на Кинтана

Утрешниот натпревар на Вардар и Брес Мешков во рамки на ракометната Лига на шампиони што се игра во „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот ќе стартува со минута молчење во чест на починатиот голман на Порто, Алфредо Кинтана. 

Португалскиот репрезентативец почина минатиот петок, откако доживеа срцев удар за време на тренинг. Кинтана неколку дена беше во вештачки индуцирана кома, но докторите не можеа да му го спасат животот на 32-годишниот голман.

Во негова чест ЕХФ одлучи натпреварот помеѓу Вардар и Бест Мешков да почне со минута молчење.