Ново признание за вардарецот: Штербик е ракометар на месецот во избор на ЕХФ!

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, еден ден откако беше прогласен за најдобар во светот во избор на интернет-сајтот „Хендбол планет“ доби уште едно признание и тоа за најдобар ракометар во Европа за месец ноември.

Изборот е на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и се должи на блескавите партии на Штербик во Лигата на шампионите и во СЕХА, каде што црвено-црните сѐ уште немаат пораз сезонава.

„Зад нас е месец со тешки натпревари, на кои ние одигравме перфектно. Иако ја играм последната сезона во Вардар, сакам да останам фокусиран и желба ми е да го давам максимумот на секој нареден меч сезонава“, изјави Штербик.