Групата на Вардар комплицирана до даска - Мотор му откина бод на Кил!

Германскиот гигант Кил се измачи против Мотор Запорожје во 9. коло од Лигата на шампиони и на крајот освои само бод пред домашната публика (32-32).

Германската екипа добро го почна натпреварот, па неколкупати имаше предност од два разлика во текот на првото полувреме (10-8), по што Мотор одигра подобро, па во 20. минута со два брзи гола направи пресврт за 11-10. Ова беше период кој ги поттикна гостите, па успеаја да ја одржат предноста и на пауза да заминат со 17-16.

Во второто полувреме Кил направи пресврт и поведе со 20-18, но Мотор го стигна, па дури и го сврте резултатот во своја корист за водство од 24-21. До крајот на мечот се водеше голема борба, а Кил испушти водство од два погодоци (30-28), по што Мотор си замина со голем бод од гостувањето во Германија.

Ова е веќе трет натпревар едноподруго со драматичен епилог за Кил. Прво беше шокантниот пораз од Порто во истава „Шларкасен арена“, потоа гостинската победа во Порто на ист, трилер-начин и сега новиот кикс, против Кил.

Со овој бод Кил дојде до 14 и математички ќе остане безбеден на првото место во групата на Вардар, меѓутоа им ја одржа надежта на конкурентите дека можат да го стигнат. Прв во таа листа со екипи кои викендов допрва ќе имаат шанса да освојат бодови е Монпелје со 11, Веспрем и Кјелце со по 10, Вардар е петти со 9 бода и гостување во Брест, пред себе.