Томовски му донесе реми на Лудвигсхафен, Пешевски со пет гола го наполи Лајпциг

Македонските ракометари денеска беа во акција во германската ракометна Бундеслига. Искусниот Жарко Пешевски постигна пет гола во триумфот на Штутгарт против Лајпциг од 30-24, додека Мартин Томовски бранеше во ремито на Лудвигсхафен (27-27).

Штутгарт играше добро од самиот старт на мечот, а Лајпциг неколку пати успеа да израмни, но во самиот финиш екипата на Пешевски поведе со 15-12.

Пешевски и неговите колеги беа сигурни и во второто полувреме и постојано ја зголемуваа предноста, која на крајот изнесуваше шест голови (30-24).

Македонскиот ракометар одигра солиден натпревар и постигна пет голови од седум удари кон противничкиот гол.

Томовски не блескаше на голот на Лудвигсхафен бидејќи имаше само 27% на одбранети удари, односно одбрани девет шута од 33 испратени кон неговиот гол, но тоа сепак беше доволно за да му донесе бод на неговиот тим.