Скубе: Загубивме од две причини!

Еден од најдобрите во составот на Вардар, Сташ Скубе, со жалење раскажуваше како Вардар го загуби мечот со Веспрем, во второто полувреме.

Скубе смета дека Вардар загуби од две причини: одличниот Роланд Миклер и потенката клупа од противникот. Сепак, потенцира дека победата на Веспрем беше сосема заслужена, а на Вардар е сега да гледа во тоа што го очекува.

„Видовме две различни полувремиња, ние доминиравме во првото, Веспрем во второто. Јас би рекол дека овде имаше две клучни работи, прво дека Миклер беше одличен, ни запре неколку клучни зицери и втората работа е тоа што тие имаа поголема ротација. Сепак, нивната победа е заслужена. Јас се надевам дека што побргу ќе се рехабилитираме и дека ќе одиграме подобро во преостанатите две средби. Ни требаат две победи и мислам дека ќе бидеме најмалку трети. Не е трагично да се загуби од Веспрем, но мора да продолжиме и да гледаме напред“, вели Скубе, кој денеска постигна четири гола.