Скок: Металург нема услови како ние во Спортинг, заслужува респект!

Спортинг го совлада Металург благодарение најмногу на Матевж Скок, словенечкиот репрезентативен голман, кој запиша 18 одбрани во победата од 31-24. По мечот, сепак, тој со респект говореше за сините од Автокоманда, како и неговиот тренер.

Монтеиро Фернандеш Канела истакна дека Металург заслужува респект, затоа што одигра борбено два меча во два дена (вчера против Стеауа во СЕХА)

„Би сакал да му честитам на Металург, се работи за еден храбар тим кој играше два тешки меча во неполни 24 часа. Тоа е храбро, дадоа голем отпор и покажаа голема борба. Честитки за тренерот Брестовац за се што прави со овој тим. Што се однесува до мечот, почнавме лошо, промашиувавме шутеви од шест метри. Имавме проблеми во одбраната. Но, потоа поради подобрата физичка подготвеност се подобривме и го свртвиме мечот во наша полза. За тоа заслужна е и нашата одбрана во вториот дел, која беше одлична“, вели Фернандеш.

Јунакот на Португалците, голманот Скок, потсети дека Металург до неодамна беше во финансиска неизвесност и дека дава одлични резултати за тоа во какви услови работи.

„Ова екипа на Металург заслужува тотален респект. Одиграа два меча во високо ниво. Мора да се почитува, затоа што се работи за млада и борбена екипа. Го покажаа тоа на теренот. Ние иако победивме, треба да се замислиме. Металург нема услови како ние во Спортинг. Покажаа како се бори за својот клуб, само така може да оди горе и верувам дека од меч во меч ќе биде се подобро“, истакна Скок.