„Што да правам? Во Германија е студено, па три девојки ни се разболеа!“

Тренерот на Турингер, Херберт Милер, познат е по својот темперамент, дури и по тоа дека играше седум на шест уште пред да биде донесено новот правило, па е своевиден изумител на оваа тактика. Сепак, вечерва не му успеа.

Вардар го надигра Турингер, а Милер го призна поразот и им честита на македонските шампионки.

„Честитки за Вардар за победата, заслужија да бидат први во оваа група, тие се единствените кои имаат шест победи во ЛШ. Ние можевме да се бориме, тоа го правевме во првото полувреме, но веднаш по паузата имавме 5-6 одбрани кои им дозволија на домаќинките да постигнат лесни голови. Исто така загубивме и малку од силата, но се обидовме да издржиме до крај. Задоволен сум од овие девојки. Сигурен сум дека Вардар ќе биде еден од тимовите кои ќе стигнат во Будимпешта“, делеше комплименти Германецот.

Тој имаше голем хендикеп со составот, бидејќи во Скопје дојде со девет ракометарки, од кои две голманки, но дури и така повторно играше „седум на шест“. Кога го прашаа зошто толку малку во составот...

„За жал, времето во Германија е многу студено, три девојки ни се разбоеа, а уште три се повредени, така што тоа беше изборот. Немам Јас сум првиот што би сакал да имам повеќе од девет девојки на располагање“, одговори Милер.